Небојша Стојковиќ

Претседател

Небојша Стојковиќ(2 Јуни 1974 година)
Стојковиќ фудбалската кариера ја започнува во неговиот матичен клуб Победа –Младост од Лесковац(Србија), од каде фудбалскиот пат го води преку соседниот Вучје во српскиот тим Палилулац каде настапува во Втората српска лига од 1995 до 1997-ма година. Од Белград се сели во прилепска Победа во 1998-ма година каде со својата пожртвуваност и бескомпромисната игра на стоперската позиција ги освои симпатиите на љубителите на фудбалот. Одличните игри во зимата 2000-тта година му обезбедија трансфер во познатиот руски клуб Анжи Махачкала каде настапува се до 2005-тта година (3 во Првата а 3 во Втората лига на Русија) и каде остави голем белег и е меѓу најистакнатите странци во клупската историја. За тоа колку беше ценет зборува податокот дека стана првиот странец капитен на еден руски клуб. Колку беше ценет и почитуван во Мачачкала зборуваат и фактите дека пред некоја година клубот за неговите заслуги постави ѕвезда со неговото име во Махачкала, а премиерот на Дагестан во знак на благодарност и неговиот придонес за ФК Анжи му подари рачен часовник со натпис „За заслуги на ФК Анжи“.
Од Русија Стојковиќ повторно се враќа во Победа во 2005-та година и го дава својот придонес во освојувањето на шампионската титула во сезоната 2006/2007-ма, за во наредната 2008-ма година поради повреда да ја заврши активната успешна играчка кариера.
Од почетокот на јануари 2018 година Стојковиќ е во најтесното клупско раководство на Победа на позиција потпретседател на клубот, а од почетокот на оваа натпреварувачка сезона 2018/2019 застанува на функцијата Претседател на ФК Победа АД.