Тони Мегленски

Шеф на стручен штаб

Тренерската кариера ја започнува во јануари 2018 во својот матичен клуб ФК Победа. На почетокот како помошник на црногорскиот тренер Славољуб Бубања, а потоа и на србинот Слободан Крчмаревиќ. По неговото заминување од 10-ти април застана на чело на Стручниот штаб и под негово раководство клубот го обезбеди опстанокот во Првата лига.
Мегленски по една година се врати во клубот каде помина најголем дел од својата кариера, а му остана верен и во најтешките моменти и се натпреваруваше во Третата лига. Како капитен ја предводеше Победа на патот кон враќањето во Првата лига подгигнувајќи ги пехарите за освоеното 1-во место и во Третата и во Втората лига.
Мегленски со Победа беше шампион на Македонија 2003-2004 и 2006-2007 и победник во Купот на Македонија во сезоната 2001-2002. За Победа одиграл над 250 првенствени натпревари а постигнал 23 голови. Има и 3 настапи за сениорската А репрезентација на Македонија во кфалификациски и 8 во пријателски натпревари.Во кариерата покрај за Победа настапувал и за:Меџумурје(Хрватска), Елбасан(Албанија), ОФК Петровац(Црна Гора,Вардар, Работнички, Пелистер, 11 Октомври и Тиквеш.
Мегленски поседува А тренерска лиценца стекната со практично и теоретско полагање пред стручните лица на Центарот за едукација при ФФМ. Со своето богато искуство и авторитет несомнено ќе го подигне нивото на квалитетната стручна работа со екипата.