Јане Николоски

Спортски директор

Јане Николоски-Спортски директор на ФК Победа
(Роден 12 Декември 1973 година).
Играчката-голманска кариера ја започнува во Победа, а во својата долга и успешна кариера настапувал за:Славија Софија(Бугарија), Персеполис (Иран), Славен Белупо (Хрватска), кипарските АПОЕЛ и АЕЛ Пафос, а во Македонија ги бранел боите на шампионскиот тим на Слога Југомагнат, Напредок, Пелистер и Преспа. Николоски има забележано 28 натпревари за А репрезентацијата на Македонија.
Тренерската кариера ја започнува во матичниот клуб ФК Победа во јануари 2014 година, по што застанува на кормилото на прволигашот Турново.
Од јануари 2018 година ја извршува функцијата Спортски директор на ФК Победа. Поседува УЕФА ПРО лиценца.