Новости

Блог/Новости на клубот

Победа-Беласица 1:0

Изјави на теренерите по завршување на натпреварот Победа-Беласица:

Марјан Живковиќ-ФК Беласица

-Доста тежок натпревар  што е и разбирливо затоа што е почеток на сезона и 1-во коло. Според мое видување тоа беше доста неквалитетен натпревар од двете страни. Очекував дека тоа ќе биде поквалитетен натпревар обострано и од наша и од страна на Победа. Што се однесува до нас јас сум со екипата 7-8 дена и немав доволно време да ги запознаам фудбалерите ниту пак тие мене и она што јас го барам од нив. Мислам дека натпреваропт не треба да добие преодна отценка. Реши еден момент – гол од наша груба грешка. Нормално и честитам на Победа на победата а нам ни преостнува да селектираме уште поквалитетни играчи. Излез од ова нема освен да работиме напорно и така да ја бараме нашата шанса на наредните натпревари.

Тони Мегленски-ФК Победа:

-Многу тежок натпревар за двете екипи, посебно од психолошки аспект затоа што е прв меч – старт на новата сезона и сите сакаат да отворат со победа. Победа во новата сезона влезе со 70% нова екипа и и треба време екипата да се воигра и играчите да се навикнат на она што се бара од нив. Евидентно беше и денес дека имавме и добри но и лоши моменти во текот на натпреварот. Оваа денешна игра ќе ни послужи низ анализа да извлечеме поуки и да се укаже на грешките но и на позитивните страни кои треба да се унапредат, а се со цел да ја подобриме играта за продолжението на сезоната. Покрај голот на Нвабузе имавме уште неколку прилики за гол кои не ги искористивме,  додека противникот пак имаше една изгледна прилика кога не одигравме добро во дефанзива.

Остави одговор