Новости

Блог/Новости на клубот

Трета среќа-Победа на стартот на третата прволигашка сезона првпат победи!

Фудбалерите на Победа попладнево на стадионот под Тумбе Кафе во Битола на стартот на 27-миот шампионат на Првата лига стигнаа до тешка но наполно заслужена победа над повратникот во лигата Беласица од Струмица со 1-0. Стрелец на голот за победа на црвено-белите беше последното засилување 26-годишниот америкснаки напаѓач Киријан Нвабуезе, кој со манир на расен стрелец го матираше Вујанац искористувајќи длабинска топка на Јаќимовиќ и ,,пета“ на Мустафов.

Победа попладнево беше подобар противник, посебно на отворањето на мечот и во првиот дел. Прилепчани ја имаа иницијативата и поседот на топката. Сепак и покрај тоа тешко доаѓаа до изгледни шанса да го загрозат гостинскиот гол. Забележавме два обиди на Марковски во 13-тата и 14-тата минута. Во првиот беше блокиран од изгледна позиција а по вториот  негов обид топката заврши над пречката. Во 22-та минута се обиде со волеј од свртување и Мустафов но биеше доста непрецизно. Гостите од една навидум безопасна ситуација долга топка на Стојанов се обидоа да го изненадат капитенот Тофилоски кој требаше добро да се потруди да спречи изненадување. Најубавата шанса за Победа не ја искористи Танушев кој од 16-метри биеше од прва но одличната интервенција на Вујанац го спречи водството на Победа во 29-тата минута. Во 39-тата минута се обиде Балдовалиев од слободен удар но биеше над голот на Тофилоски.

На почетокот на вториот дел Мегленски во игра го внесе Каланоски на местото на младиот Ефремов. Првото возбудување го видовме по слободниот уфар на Мустафов но по средината на голот и без проблеми за Вујанац. Во 53-тата минута една од најубавите акции на мечот и пробив на Танушев по левата страна но пресилен и недостижен центаршут за Нвабуезе. Во 59-тата минута публиката реагираше на една судиска олдука поради офсајд да биде прекината убава контра  и шанса на Победа. Гостите се заканија во 68-мата минута кога по центаршутот на Стојанов задоцнија Сулев и Балдовалиев. Веднаш потоа Победа дојде во водство кога Јаќимовиќ упати длабочинска топка, Мустафов само ја продолжи а брзиот Нвабуезе го претрча Џонов, добро се загради и спречи да му биде избиена топката за веднаш да пласира под Вујанац за своја и голема радост како на клупата така и на симпатизерите на Победа на трибините на битолскиот стадион.

По водството на Победа до крајот по едно возбудување на двете страни. Гостите имаа одлична шанса да израмнат во 84-тата минута кога Каланоски не затвори по страна па повратната топка дојде до Балдовалиев кој биеше силно но за среќа по средината на голот во добро поставениот Тофилоски кој го спаси својот тим. Во противнапад Победа можеше и да зголеми на 2-0 но Каланоски не се снајде најдобро и шансата пропадна.

Голема, тешка, заслужена и значајна победа на ФК Победа на стартот на новата сезона. Во вистинска смисла – трета среќа. Ова затоа што по поразите на стартот на двете претходни сезони од Пелистер како домаќин 0-2(во Битола сезона 2016/2017) и во Прилеп 1-3 (сезона 2017/2018), конечно е забележан триумф кој многу ќе значи за продолжение на сезоната. Новокомпонираниот состав со 11 нови фудбалери, од кои денес 7-мина беа стартери,  очигледно ќе треба дополнително низ натпреварите и со техничко-тактичка работа на Стручниот штаб на тренинзите да расте во формата и учинокот од натпревар во натпревар.

Победа:Тофилоски, Тимовски, Јаќимовиќ, Драгарски, Карчески (од 65 минута Исаевски), Маркоски, Ј.Наумоски, (од 59 минута Спиркоски),  Мустафов, Ефремов (од 46 минута Каланоски),   Танушев и Нвабуезе.

Беласица:Вујанац, Ташев, Милушев, Џонов, В.Серафимовски, Георгиев (од 84 минута Наумчевски), Митевски, Стојанов (од 50 минута Тодоров), Божинов (од 62 минута Сулев), Ј. Серафимовски и Балдовалиев.

Во следното 2-ро коло на Првата лига Победа в недела на 19 август ќе му гостува на Шкупи.

1 Response

Остави одговор