Новости

Блог/Новости на клубот

Утре за првотимците рекуперација-за резервистите тренинг меч со второлигашот Партизан

Дуелот со Беласица и првата првенствена победа за црвено-белите веќе се минато. Утре претпладне првотимците кои настапија на денешниот меч ќе одработат рекуперационен тренинг, додека за резервистите и оние кои не беа во комбинација за денешниот меч од 10 часот на теренот на Могилата е закажан тест натпревар со второлигашот Партизан од Обршани. Ова ќе биде убава можност некој од нив дополнително да се наметне на Стручниот штаб, а секако добро ќе дојде и за Партизан кој следната сабота ја стартува својата дебитантска второлигашка сезона со гостување на Саса во Македонска Каменица.

 

Остави одговор