Новости

Блог/Новости на клубот

ФФМ почетокот на првенствата во Младинските лиги го пролонгира за 1-2 септември

Комисијата за натпревари во Младинските лиги по барање на многу клубови поради технички проблеми донесе одлука да се одложат сите натпревари ви сите категори за една недела подоцна и би стартувале на 1-ви и 2-ри септември.

Првобитно според претходно извршен жреб и внесениот распоред во Комет системот, стартот на новата сезона беше планиран за овој претстоен викенд, по договор на клубовите противници, внесени беа и термините за одигрување на натпреварите од 1-то коло на новата сезона во сите категории млади фудбалери. Тоа значи дека во сите 4 категории-помлади пионери, пионери, кадети и младинци на Победа своите мечеви со врсниците на Академија Пандев ќе ги одиграат за 10 дена. Останува да се сочека како Младинската комисија ќе постапи со Куп натпреварите за млади категории.Првично беше планирано да започнат на 28,29 и 30 август -вторник-среда и четвртоксо шеснаестинафиналните дуели, но пролонгираниот старт на првенствените по принцип на автоматизам значи дека ќе има одлагање и во Купот за млади категории.

Ова известување од Комисијата за младински фудбал при ФФМ значи дека за 7 дена е пролонгиран и стартот на сезоната во Регионалната Пелагониско-Езереска лига за петлиња и помлади петлиња. Во овие две регионални лиги состојбата е  лоша затоа што наместо пријавените на стартот при жребањето 11 клубови кај петлињата и 12 клубови кај помладите петлиња во меѓувреме се откажаа 3 односно 4 клубови, па двете лиги ќе се играат со по само 8 клубови, што  навистина ќе биде премал број на натпревари за најмладите фудбалери.

Остави одговор