Новости

Блог/Новости на клубот

Помладите пионери во полуфинале на Гази-Баба куп 2018

Од трите натпреварувачки генерации на ФК Победа кои учествуваат на силниот меѓународен турнир Гази-Баба Куп, кој се игра во Скопје, пласман во полуфиуналето обезбеди само генерацијата 2003-та на тренерот Филип Мирчески. По вчерашните победи над Кул Здравје со 2-0 и Фортуна со 2-1, попладнево помладите пионери на Победа во драматичен меч по подобро изведување на пеналите во 1/4-финалето ги совладаа врсниците на Вардар со 7-6. Со оваа победа избраниците на Мирчески изборија пласман во полуфиналето каде утре од 9,30 часот ги очекува натпревар со Милано за пласман во финале. Во второто полуфинале ќе играат сплитски Хајдук и А.Пандев.

Двете останати генерации, иако денес им беа доволни и нерешени резулати за пласман во 1/4-финале, претрпеа порази. Генерацијата 2007-ма на ФК Победа (тренер Рубин Трајкоски) загуби од Борец со 1-2, а генерацијата 2006-та(тренер Илин Ѓорѓијевски) е поразена со 0-2 од ФК Национал Софија.

 

Остави одговор