Новости

Блог/Новости на клубот

Шест бодови за младите победаши на стартот на Супер лигата

На стартот на новата сезона во 4-те конкуренции од Супер младинската лига половичен успех на младите надежи на ФК Победа. Во четворомечот со врсниците на Академија Пандев забележани се две домашни победи, а претрпени се два гостински порази.

На стартот кадетите и младинците на Победа ги загубија мечевите на гостувањето на врсниците на Академија Пандев во Струмица.  Во првиот меч кадетите загубија со 1-2(0-1) откако губеа со 0-2 се вратија во игра преку Благојче Ристески кој намали на 1-2 а на самиот крај не искористија зицер шанса кога неколкумина беа сами пред противничкиот гол а ударот на Бојан Цветаноски гостинскиот голман го одбрани.

Во вториот меч младинците почнаа рамноправо и играа егал меч се додека не го примија првиот гол во финишот на првиот дел, за потоа во вториот дел набрзина-за само 8 минути примат уште два гола и на крајот претрпат убедлив пораз од 0-3. Нашите младинци на овој меч и нема спортска среќа затоа што слободниот удар на Свртиноски на 0-2 заврши во стативата а потоа не беше искористена уште една изгледна шанса.

Во пионерскиот двомеч на теренот со вештачка трева во Прилеп остварени се две заслужени победи во двомечот Победа-А.Пандев.

Помладите пионери забележаа победа од 3-1 над врсниците од Струмица во меч во кој сите 4 голови паднаа во вториот дел. Откако гостите во првиот дел не искористија неколку шанси, а неколку одлични интервенции имаше нашиот голман Маркоски, во вториот дел фуриозен почеток на избраниците на тренерот Мирчески. Веќе во 49-тата минута Поп Антоски го откри резултатот и ја доведе Победа вои водство од 1-0. Во 53-тата минута Ацески-Печијарески зголеми на 2-0, потоа гостите намалија на 2-1, а конечните 3-1 ги постави капитенот Јосифоски во 69-тата минута.

Во вториот меч на пионерските генерации немаше толку шанси и возбудувања како кај помладите пионери. Се играше потврдо и со малку шанси-најизгледните беа за избраниците на тренерот Петрески. Во првиот дел капитенот Дебрешлиоски биеше добро со глава но одлично одбрани гостинскиот голман Алчевски, а во вториот дел Јошески немаше среќа затоа што неговиот удар заврши во стативата. Сепак правдата беше задоволена и победата стигна во 68-та минута откако Бопков ја искористо лошата проценнка и некоординираноста на гостинската одбрана и со глава ја закачи топката пред голманот Алчевски за водство и победа на својот тим од 1-0.

Во 2-то коло кадетите и младинците на Победа ќе бидат домаќини на врсниците на Шкупи, додека пионерскиот двомеч ќе се игра во Скопје.

Остави одговор