Новости

Блог/Новости на клубот

Само 1 бод на 6-те натпревари на младите генерации на ФК Победа!

Саботата беше резултатски убелдиво најнеуспешниот ден во историјата на младите генерации од школата на ФК Победа во натпреварувањата под капата на ФФМ. На 6-те одиграни натпревари од можните 18 освоен е само 1 бод-претрпени се дури 5 порази а одигран еден нерешен резултат без да биде забележан триумф.

Во 2-то коло на Супер лигата на мечевите опдиграни во Прилеп единствениот бод го освоија кадетите 0-0 со Шкупи, додека младинците  го претрпеа и вториот-идентичен пораз од 0-3 против врсниците на Шкупи.

На гостинските средби на двата клуба одиграни на теренот во Волково помладите пионери и пионерите на Шкупи забележаа минимални победи од 1-0 над врсниците на Победа.

За крај на најлошиот ден се случија и двата гостински порази во Регионалната Пелагониско-Езерска лига. Во Битола загубија и помладите петлиња (2-1) и петлињата (1-0) во натпреварите со врсниците на Пелистер.

Следната недела-во среда и четврток на 12 и 13 септември на програмата се натпреварите од 1/8-финалето од Купот на Македонија во младинските конкуренции. Во среда од 11 и 13 часот во Ѓорче Петров нашите кадети и младинци ќе гостуваат на врсниците на Македонија. Од 11 часот во Тетово пионерите ќе го започнат натпреварот со домашниот состав на Шкендија, а од 15 часот во Струмица е закажан почетокот на натпреварот на помладите пионери на А.Пандев и Победа. Единствени на домашен терен во овие Куп натпревари ќе играат петлињата во четврток на 13 септември од 11 часот на теренот со вештачка трева со врсниците на Ренова.

Остави одговор