Новости

Блог/Новости на клубот

Пионерите на Победа изборија пласман во осминафиналето од Купот на Македонија

 

Од четирите генерации млади категории фудбалери од школата на Победа денес успешни беа само пионерите. Генерацијата фудбалери родени 2002-ра година предводени од тренерот Златко Петрески на гостувањето во Тетово против на хартија фаворитот Шкендија оствари победа од 2-0. Како и пролетоска и цела ланска сезона оваа генерација одигра машки, борбено, агресивно и крајно дисциплинирано па оттука резултатот не изостана. Организираната игра на крајот резултираше со две акции на стрелците Давид Јошески во 25-тата минута и на Миодраг Тасески на почетокот на вториот дел кои ја крунисаа тимската игра на колективот.

На гостувањето во Скопје низ игра подобри но на крајот поразени и кадетите и младинците на Победа во двомечот со врсниците на Македонија Ѓорче Петров. Кадетите загубија со 1-0 во меч со неколку спорни ситуации-признат гол од офсајд за домаќинот, недосуден пенал за Победа, но и низ самиот меч неискористени повеќе изгледни шанси, па и овојпат неефикасноста сурово ја казни генерацијата 2001-ва. Младинците исто така во поле со контрола, подобар противник од домаќинот но сето тоа залудно кога и на овој меч се примени кикс голови несвојствени за завршна генерација. Од друга страна и кај младинците неефикасноста во завршница-да не се постигнуваат голови од зицер ситуации, е една од клучните причини за нејзиниот резултатски лош старт сезонава и трет последователен пораз.

Нешто слично поминаа во Струмица и помладите пионери. И тие во поле се надигруваа рамноправно со домашната генерација на А.Пандев. Имаа неколку шанси, изгледни контранапади за да се постигне погодок, но ништо од сето тоа не се искористи па на крајот дојде и убедливиот пораз од 3-0, со напомена дека при 1-0 искучен од игра беше Селимоски.

Куп натпреварувањата во оваа фаза за младите категории на Победа завршуваат утре од 11 часот на теренот со вештачка трева со дуелот на петлињата(генерација 2004-та) на Победа и Ренова.

Остави одговор