Новости

Блог/Новости на клубот

Втор овосезонски пораз од Работнички

Фудбалерите на Победа вторпат сезонава се поразени од Работнички. По поразот во Битола од 0-2 прилепчани попладнево загубија во САкопје со 1-3, полувреме 0-0. Победашите одиграа сосема солидно прво полувреме во кое се играше отворен фудбал. Победа прва сез закани и Нвабуезе во 6-тата минута по спуштената топка од Драгарски имаше зицер ситуација од 5-6 метри но лошо биеше па неговиот удар Божиновски го одбрани. Работнички имаше привидна иницијатива но избраниците на Мегленски со позициона и агресивна игра со многу трка добро ги затвораа приодите кон голот на Тофилоски, а најизгледната шанса не ја искористи Херера кој биеше покрај стативата.

Во вториот дел многу рано Работнички по само 5 минути игра го отвори резултатот и преку екс играчот на Победа Николче Шаркоски поведе со 1-0. Победа по 5-6 минути имаше шанса веднаш да израмни но Танушев промаши невозможна ситуација неколку метри од голот на Работнички. Вториот гол за домашните фактички е награда за упорноста а казна за невнимателноста и неследењето на противничките играчи до крај за победашите. Тимовски не спречи центаршут а штоперите на Победа дозволија Чинеду да биде сам на 7-8 метри пред Тофилоски за лесно да зголеми на 2-0 во 80-тата минута. Третиот гол во 87-та минута на Петар Петковски сигурно ќе конкурира за еден од најубавите оваа сезона-торпедо од над 30 метри во самиот агол-иако можеби и Тофилоски иако беше на топката како да беше изненаден од нејзината слегувачка патека и заврши во самиот агол. Веќе во наредната 88-ма минута почесен гол на Победа (5-тти сезонава) за Нвабуезе со глава од 5-6 метри по центаршут на Александар Исаевски за конечни 3-1.

Победа:Тофилоски, Тимовски, Драгарски, Крстески, Карчески, Маркоски, Мустафов(од 78 минута Гешоски), Танушев, Ефремов(од 51 минута Ј.Наумоски), Макота(од 63 минута Исаевски) и Нвабуезе.

Табела по 12 коло: Вардар 27, Шкендија 25, Академија Пандев 19, Работнички 17, Победа 14, Ренова 13, Македонија ЃП 13, Беласица 13, Шкупи 12, Силекс 11.

Во следното 13-тто коло ќе играат:Победа-Силекс, Македонија ЃП-Ренова, Вардар-Беласица, Шкендија-Шкупи и Академија Пандев-Работнички

Остави одговор