Новости

Блог/Новости на клубот

Со ист почетен состав втора домашна победа со 2-0-падна и Силекс

Попладнево на Градскиот стадион во Кичево фудбалерите на Победа како домаќини го совладаа составот на Силекс со 2-0, полувреме 0-0 и со овој триумф се вратија на 4-тото место на табелата. Мегленски втор домашен меч започна со ист состав-како и со Шкупи, а денешниот меч е втор на кој за победа од 2-0 стрелци се Нвабуезе и Танушев. Победата над Силекс е 5-тта сезонава, а овј меч беше 7-иот на кој мрежата на Тофилоски во ова првенство не е застресена. Дуелот на старите и лути ривали беше од исклучително значење за двата тима. На Победа и гори под нозете а има и тежок распоред  до крајот на сезоната па затоа мораше да победи, додека кратовчани кои беа во добра серија сакаа таа да продолжи за да си ги зголемат шансите во борбата за опстанок.

Како и целиот меч, а посебно првото полувреме донесе многу трка, желба, агресивност, цврсти дуели на зелениот но и не баш рамен терн во Кичево. Црвено-белите свесни за тежината на мечот немаа друг избор освен офанзива, но не безглави напади туку смирена игра до нога, сигурни пасови без ризик и оставање на шанса на гостинот да го загрози домашниот гол. Од една таква навидум безопасна акциуја кратовчани ја имаа и единствената изглкеда шанса кога Георгиев за малку задоцни на втората статива по паралелниопт удар во спротивен агол на Пановски, а ова се чини беше и единствената сериозна закана на Силекс во текот на 90-тте минути. Имаа кратовчани уште 2-3 обиди од игра и прекини но не претставуваа сериозна закана за капитенот на Победа Тофилоски. Од друга страна Победа во првиот дел најизгледната шанса не ја искористи преку Драгарски кој од прекин-по центаршутот на Ј.Наумоски не одреагира најдобро и од неколку метри не успеа да го совлада Стефановиќ, a веднаш потоа по корнерот немаше среќа и неговиот обид со глава заврши  крај стативата.

Вториот дел започна со лесна иницијатива на прилепчани во чии редови на полувреме на местото на Ефремов шанса доби Тимовски, што предизвика поместувања во поставката на теренот. По еден прекршок на противничката половина во 60-ттата минута Исаевски мудро и набрзаина го изведе фаулот упатувајќи долга топка во гостинскиот казнен простор кон Нвабуезе кој во манир на расен стрелец ефектно од прва го лобуваше истрчаниот Стефановиќ за водство на Победа од 1-0. И по водството Победа продолжи со офанзивната игра.    Две минути подоцна во убава позиција беше и Карчески кој биеше од 16 метри но гостинскиот голман одбрани. Мандиќ, кој го замени Ј.Наумоски, во период од 5-6 минути учествуваше во 3 офанзивни акции-во два наврати не успеа да упати прецизен центаршут а во 75-тата минута по корнер во мешаницата биеше над голот од 6-7 метри. Победа организирана и внимателна и до крајот не дозволи да биде загрозена а креираше уште две изгледни шанси. Нвабуезе одлично проигран од Мандиќ излезе очи в очи со голманот на Силекс кој успеа да одбрани. Во 91-та минута по корнерот на Тимовски на втора статива биеше Танушев а топката од зад гол линијата заврши во мрежата за Драшковиќ само да го потврди зголеменото водство на Победа од 2-0 и конечниот резултат.

Победа:Тофилоски, Спиркоски, Драгарски, Јаќимовиќ, Исаевски, Ј.Наумоски(59 минута Мандиќ), Маркоски, Ефремов(од 46 минута Тимовски), Танушев, Карчески и Нвабуезе (од 88 минута Макота).

 

ФК Победа  изразува благодарност за помошта и логистиката на ОФС Кичево во организацијата на денешниот меч.

 

Резултати од 13 коло:Победа-Силекс 2-0, Вардар-Беласица 1-1, Македонија ЃП-Ренова 1-2, А.Пандев-Рабонички 1-0 и Шкендија-Шкупи 3-0.

Табела: Шкендија 28, Вардар 28, Академија Пандев 22, Победа 17, Работнички 17, Ренова 16, Беласица 14, Македонија ЃП 13, Шкупи 12, Силекс 11.

Во следното 14 коло во сабота на 10 ноември ќе играат: Ренова-Победа, Силекс-А.Пандев, Работнички-Шкендија, Шкупи-Вардар и Беласица-Македонија ЃП.

Остави одговор