Новости

Блог/Новости на клубот

Пораз на третото есенско гостување во Тетово

Фудбалерите на Победа попладнево на гостувањето во Тетово загубија од домашната Ренова со 2-1 во натпревар од 14-тото коло на Првата лига. Ова беше 7-миот овосезонски, а прв пораз во третото гостување на црвено-белите оваа есен во градот под Шара откако претходно во период од околу еден месец во два наврати ја совладаа Шкендија. Многу чуден и специфичен меч попладнево одиграа ,,гипсарите,, и победашите. Првите 30-тина минути Победа подобро стоеше на теренот и тоа даваше оптимизам дека ќе продолжи успешната серија гостувања во Тетово. По почетната закана на Нвабуезе откосо во 13-тата минута, во 22-та минута се случи еден непријатен момент-истиот играч за момент се пожали на повреда па мораше да биде заменет.Победа беше рамноправна на моменти и поопасна и подбро стоеше на теренот, атоа беше материјализирано со водство од 0-1 во 32-та минута. Спиркоски центрирашѓе топката доби чудна патека од блокот на еден домашен фудбалер и во висок лак падна на петерецот пред Кобетиж кој остана на гол-линијата а на топката пред домашниот штопер Мишковски натрча Танушев и лесно ја погоди домашната мрежа. Во 36-тата минута шанса за Ренова во ситуација кога капитенот Нухиу се обиде да пласира во аголот но Тофилоски беше внимателен и не дозволи д абиде изненаден. Поради повреда на Исаевски во финишот на полувремето во 40-тата  Мегленски беше принуден да ја изврши и втората рана замена и во игра го внесе Мандиж/ Поради неколку прекини првиот дел беше продолжѓен 3 минути а буквално во полседните секунди Ренова израмни по една долга и во најмала рака наивна акција како пример или можеби веќе станува рецепт по кој црвено-белите ги примаат головите оваа сезона, а стрелец беше првиот стрелец на домашните Стојаноски.

Она што беше очигледно, мал пад во играта во финишот на првиот дел, како одминуваше вториот дел стануваше се поочигледно па Ренова имаше повеќе од играта и во поголем дел од продолжението се играше на половината на Победа. Иако притиснати и во таквата констелација на теренот фудбалерите на Победа имаа простор и можност  да се погрижат за посериозна закана но во неколкуте потенцијални закани изостануваше тој последен – завршен пас, а од друга страна наместо во ширина и по страничните позиции премногу играа по средината на теренот  каде беше најгусто и многу потешко да се заканат а често и губеа топки па едноставно сами од навидум безопасно ситуации си создаваа проблеми пред сопствениот гол. Токму од една ваква ситуација во 83-ата минута Гафури ја затресе мрежата на Тофилоски за конечни 2-1 користејќи го вториот поклон на наивната црвено-бела одбрана и со тоа ја донесе само втората домашна победа за својот тим.

По ова 14 коло следи 10-дневна пауза во шампионатот поради репрезентативните термини за мечевите од УЕФА лигата на нации а во следното 15-тто коло Победа је очекува гостување на А.Пандев во Турново.

Победа:Тофилоски, Спиркоски, Јаќимовиќ, Велкоски, Исаевски(од 40 минута Мандиќ),Ј.Наумоски, Маркоски, М.Наумоски(од 69 минута Тимовски), Карчески, Танушев и Нвабуезе(од 22 минута Макота).

Резултати од 14 коло:Ренова-Победа 2-1, Силекс-А.Пандев 1-0, Шкупи-Вардар 1-0, Работнички-Шкендија 1-2 и Беласица-Македонија ЃП 1-4.

Табела: Шкендија 31, Вардар 28, А. Пандев 22, Ренова 19, Победа 17, Работнички 17, Македонија ЃП 15, Шкупи 15, Силекс 14, Беласица 14.

Остави одговор