Новости

Блог/Новости на клубот

По написите на порталите дека лекарите го спасиле од смрт на мечот во Тетово изјава од Киријан Нвабуезе

По написите на порталите дека лекарите го спасиле од смрт на мечот во Тетово изјава од Киријан Нвабуезе

ЌЕ ПРОДОЛЖАМ ПРОФЕСИОНАЛНО ДА ИГРАМ ФУДБАЛ

По синоќешните написи на некои портали дека наводно докторите го спасиле од смрт американскиот напаѓач на Победа Киријан Нвабуезе во 20-тата минута од натпреварот Ренова-Победа одигран во Тетово, со демант во врска со написот а со цел да се чуе неговата вистина преку официјалната клупска веб страна на ФК Победа со единствена изјава за настанот до јавноста се обрати смаиот Нвабуезе.

-Она што се случи денес е сосема нормално, моите доктори од САД ми го потврдија тоа. Ден-два пред натпреварот а и сеуште сум многу настинат и во ситуација на зголемен напор во дадениот момент на моето тело му недостасуваше кислород. Поради тоа во тој момент како да се зашеметив и паднав на теренот, ситуација од која и самиот бев збунет. Едноставно тоа се случи. Но, ICD (Implantable Cardioverter Defibrillator), што ми е вграден ја заврши својата работа. Во тој момент на теренот не бев спасен од кој било доктор,тие притрчаа да помогнат, но за волја на вистината тие и не знаеа што се случува. Јас се исправив пред тие да дојдат до мене и да ме допрат. Значи, потполна невистина и шпекулација е констатацијата во текстот дека лекарите ми го спасиле животот. Самиот станав од тревата, застанав на нозе и без придружба од никого заминав во соблекувалните. Се истуширав и се вратив на клупа од каде во второто полувреме го гледав мојот тим. Јас не отидов и не сакав да одам во болница по оваа ситуација, бидејќи во Македонија повеќето болници нема да разберат и не ја знаат ситуацијата. За појаснување на јавноста она што го имам се вика кардиомиопатија Имам ICD (Implantable Cardioverter Defibrillator), вграден на левата страна од градите кој денес на теренот ја заврши својата работа. При тоа имам дозвола професионално да играм фудбал од еден од најдобрите доктори во Лос Анџелес и ги имам сите документи за да го докажам тоа. И ќе продолжам да играм фудбал., изјави Нвабуезе во прецизното објаснување за настанатата ситуација на натпреварот Ренова – Победа со дополнување дека неговиот брат не починал играјќи фудбал.

-Ова го велам сакајќи да ги демантирам невистините во врска со смртта на мојот брат и заради ваквите невистинити информации се чувствувам навистина непочитуван затоа што се работи за целосни дезинформации.

Во целиот овој настан ФК Победа целосно застанува со подршка на својот фудбалер, кој сезонава е наш прв стрелец. Клубот ги презеде потребните мерки за лекарски прегледи пред неговиот ангажман како надополнување на наодите од неговите медицински прегледи во САД со кои лекарите му дозволуваат професионално да се занимава со фудбал. Тој ја оправда нашата доверба и натаму ќе има има нашата целосна подршка и грижа со цел заедно да истраеме во остварување на клупските цели.

Остави одговор