Новости

Блог/Новости на клубот

Непознавањето на состојбите и шпекулативните написи создадоа „случај Нвабуезе“

Непознавањето на проблематиката…шпекулации, фама за нешто во светот е познато и не е толкава трагедија како шо се создаде кај нас во случајот со американскиот фудбалер во редовите на Победа. Вака во најкратки црти може да се објасни хајката која порталот Спортмедиа во серија ја пишува деновиве по настанот од 20-тата минута на саботниот натпревар Ренова-Победа, кога Нвабуезе за момент загуби свест, но по неколку секунди имплантот кој му е вграден ICD (Implantable Cardioverter Defibrillator) си ја заврши својата функција. Тој се подигна на нозе и без ничија помош дојде до клупата на својот тим, на полувреме во соблекувалните се истушира а во вториот дел се врати на клупата да го проследи продолжението на натпреварот на својот тим.

За што станува збор?

25-годишниот Киријан Нвабуезе има дијагностицирано кардиомиопатија и на левата страна од градите има имплантиран кардиовертер дефибрилатор – ICD (Implantable Cardioverter Defibrillator). Тој по деталните лекарски испитувања во неговата земја-САД има дозвола професионално да се занимава со фудбал и тој на најдобар можен начин го прави оваа есен, пред се на задоволство на навивачите на ФК Победа, чиј прв стрелец е со 6 постигнати голови. Но…непознавањето на оваа проблематика која за македонската јавност, а сигурно и за голем дел од медицинската фела чија специјалност не е кардиологијата, а уште помалку за порталот кој пишуваше текстови без да се запознае со проблематиката придонесе да се дојде до фаза на „скандал“, или дека лекарите на Ренова го спасиле Нвабуезе од смрт (недај боже)!!! Вистината е дека со имплантот кој му е вграден ICD (Implantable Cardioverter Defibrillator) тоа едноставно не може да се случи. Во никому непосакуван случај на срцев проблем за време на натпревар – компликација со фатален крај побрзо може да се слули кај секој друг играч, само не кај Нвабуезе или некој друг играч кој има вградено дефибрилатор. Во белгиското првенство најеклатантен е примерот со 20-годишниот Антони Ван Ло, кој доживеа ист ваков случај но по некоја секунда се подигна и бараше да продолжи да игра,  но како што постапи и Мегленски и неговиот тренер не му дозволи. Инаку за информација на јавноста Ван Ло и по тој настан играл уште 5 години. Видео:

(In the clip, Anthony Van Loo, a 20-year old Belgium soccer player collapses during a match and is resuscitated by his Implantable Cardioverter Defibrillator (ICD). The device delivers a shock to restore his heart rhythm).

Во низата на тенденциозни, без проверка изнапишани тези и за уште неколку…

-„Селски клубови“…„Победа шета без доктор“!!! Па нели е срамота да се пишуваат вакви работи а без да се знае вистината!!! Во досегашниот дел на сезоната Победа од 7 на  две гостувања немаше клуспки лекар. Лиценцираниот Гоце Јонзоски(кој патем е можеби единствениот со специјалност спортска медицина)- поради службени обврски-меѓународна едукација, отсуствуваше на дуелите со Работнички и Ренова. А за информација и на Спортмедија и на сите останати „загрижени“ со факти и прилози од официјалните записници…Сигурно не знаете…и не сте провериле дека на сите досегашни 7 гостувања Академија Пандев немала лекар, Вардар на 6 од 7-те гостински натпревари немал пријавено лекар, Беласица на 5 натпревари, Силекс на 3, Шкупи, Работнички и Ренова на по еден натпревар. И сето ова поради незадолжителната обврска клубовите да носат лекар на гостинските натпревари, што тие умешно го користат(злоупотребуваат). Најдисциплинирани со клупски лекари(што секако е за пофалба) на сите гостински натпревари во досегашниот дел на сезоната се Шкендија и Македонија Ѓ.Петров.

-Втората ситуација е со првичниот, исто така непроверен, напис на Спортмедиа дека лекарите му го спасиле животот на Нвабуезе. „Чест и част“ на клупскиот лекар на Ренова д-р Менсур Џафери, за неговата лекарска етика и тоа што во полн трк стигна до Нвабуезе, цело време беше со него и го испрати до клупата на Победа….

Но за волја на вистината:По доживеаниот шок од неколку секунди Нвабуезе се освести и дојде на себе(се гледа на фотографиите)…пишувате дека „брзо реагирале лекарите и успеале да го спасат Американецот„..а на фотографиите се гледа дека во тој момент лекарот на Ренова не е ни до центарот на теренот.

 

Да, дотрчаа и цело време беше со него, но дека Џафери му го спасил животот!!! Нвабуезе се освести и се подигна и сам дојде до клупата благодарение само на вградениот дефибрилатор. Тоа е вистината….Киријан несомнено му е благодарен на д-р Џафери за помошта, советите и покажаната лекарска етика, но не е тој што го спаси-го спаси ICD (Implantable Cardioverter Defibrillator). Никаква трагедија, само написи во серија како плод на непознавање на проблематиката, а без да се праша самиот играч…или да се ,,прогугла,,,за што во суштина станува збор!

П.С. Инаку за жал на сите злонамерници: ПОБЕДА БИЛА, Е И ЌЕ БИДЕ БРЕНД на ПРИЛЕП!!Сакале Вие тоа или не!!!

Најдисциплинирани со клупски лекари(што секако е за пофалба) на сите гостински натпревари во досегашниот дел на сезоната се Шкендија и Македонија Ѓ.Петров.(во прилог атачирани се дел од записници од кои се гледа дека гостинските екипи немаат лекар).

Прилози:

Остави одговор