Новости

Блог/Новости на клубот

Незаслужен пораз со тенденциозно судење!

По 12-дневна пауза, со натпрварите од 15-тото коло одиграни попладнево продолжи шампионатот на Првата Македонска фудбалска лига.На гостувањето во Турново  Победа го претрпе 8-миот овосезонски пораз. Тимот на Академија Пандев вторпат ги совлада избраниците  на Мегленски–попладнево со 2-1, полувреме 1-1.

Обидите на Ефремов за Победа и Дориев за домашните во почетниот период не донесоа промена на резултатот. Домаќините поведоа со голот на капитенот Пандев во 26-тата  минута, кој по центаршутот на Атанаскоски, со глава пред Тофилоски ја смести топката во гостинската мрежа. Победа   израмни во 31-та минута кога по центаршут на Карчески, Макота одлично се снајде во домашниот казнен простор, издржа дуел и од свртување во пад пласираше во спротивниот агол на домашниот голман Чубраковиќ.На почетокот на вториот дел во два наврати се обиде Танушев за Победа но еднаш беше блокиран а вториот пат биеше во голманот на домаќините, а непрецизен удар по една гужва имаше и Велкоски, чиј шут заврши крај голот.

Инаку попладневниот дуел го одбележа крајно тенденциозното и пристрасно судење на кавадаречката тројка на Чело со Темелков и помошниците Ицев и Трпчевски, со што се покажаа како оправдани стравувањата меѓу познавачите на фудбалските прилики во земјава но и во таборот на Победа дека ќе имаат необјективно судење уште со делегирањето на оваа 4-ка. Имаше неколку ситуации каде беа „пуштани“ евидентни офсајди-најеклатантен беше оној во 59-тата минута кога Илиев не погоди од 3 метри откосо, а на спротивната страна помошниите Ицев и Трпчевски „дигаа“ во најмала рака сомнителни офсајди на фудбалерите на Победа чиј секој контакт со противнички играч  во поле од Темелков беше санкциониран со прекршок за домашниот состав.

Конечниот резултат 2-1 беше поставен во 85-тата минута. Откако играта ја напуштија повредениот Јаќимовиќ и Наумоски, по навидум безопасна акција домашниот тим дојде до победа со автогол на Исаевски кој несреќно ја затресе мрежата на Тофилоски од неколку метри.

Победа:Тофилоски, Спиркоски, Драгарски, Јаќимовиќ (од 72 минута Мустафов), Исаевски, Велкоски, Ј.Наумоски(од 84 минута Мандиќ), Ефремов(од 55 минута Тимовски), Танушев, Карчески и Макота.

На останатите денешни натпревари постигнати беа овие резултати:Вардар-Работнички 0-1,  Беласица-Ренова 3-1, Македонија ЃП-Шкупи  2-2  и Шкендија Силекс  5-0.

Табела: Шкендија 34, Вардар 28, А. Пандев 25, Работнички 20, Ренова 19, Македонија ЃП 17, Победа 17, Беласица 17, Шкупи 16, Силекс 14.

Во наредното 16-тто коло во недела, повторно во Турново, Победа ќе игра со Шкендија.

 

Остави одговор