Новости

Блог/Новости на клубот

Кога не се користат шансите противникот казнува

Фудбалерите на Победа го претрпеа и 9-ттиот првенствен пораз оваа сезона, а трет последователен. Попладнево на стадионот Кукуш во Турново Победа згауби од лидерот на табелата Шкендија со 0-2, полувреме 0-0, со што тетовчани со идентиучен резултат се реваншираа за единствениот пораз до досегашниот тек на шампионатот кој го претрпеа токму од Победа во Тетово. Резултатот ни одблиску не ги отсликува случувањата на теренот, бројот на создадени шанси и воопшто играта на двата ривали на денешниот меч. Но кога е во прашање Победа којзнае којпат по ред сезонава прилепчани беа тимот кјој создаваше шанси но и ги промашуваше, а на спротивната страна примени се безброј лесни-евтини и наивни голови. А кога е така во фудбалот воопшто се се заборава а се памети само резултатот. И по овој меч Стручниот штаб и фудбалерите же жалат во најмала рака за ремито кое ќе им беше  прекузаслужено, а зошто не и на 3-те бода – но само под услов да искористеа барем дел од шансите.

Од самиот почеток Победа тргна агресивно и офанзивно, високо на противничката половина. Маркоски во 2-та минута биеше крај голот, во наредната минута се обиде и Макота но биеше високо над голот. Шансата на мечот во 8-та минута не ја искористи младиот Марио Наумоски од неколку метри со врвот на копачката(со шпиц) биеше во стативата пропуштајќи зицер ситуација да го доведе својот тим во водство. Шкендија во 9-тата минута се обиде преку Фазли кој биеше над голот. Во 11 минута по центаршутот на Тимовски Мустафов не успеа да ја зафати топката со глава од 5-6 метри. Емини во 15-тата минута шутираше крај голот на Тофилоски. Во 23-тата минута во казнениот простор од 11-12 метри во шанса беше и Танушев, чиј удар за среќа на Захов заврши крај стативата. Три минути подоцна одново центаршут на Тимовски а откако отскокна топката практично го удри в нога Велковски и тргна кон голот на гостите но Захов од линијата спаси водство на Победа. Гостите најубавата прилика ја имаа во 31-та минута кога очи в очи со Тофилоски излезе Нафиу но голманот на Победа успеа да ја сочува својата мрежа. На истекот на првиот дел во 44-тата минута одлична шанса и за Макота кој биеше откосо од 10-тина метри но повторно Захов ја спаси Шкендија.

По динамичното прво полувреме кое донесе отворен фудбал и доста шанси, вториот дел беше помирен со помалку возбудувања. Прва повтрорно се закнаи Победа преку Мандиќ, чиј волеј заврши сантиметри од десната статива на гостинскиот гол. Пет минути подоцна Фазли бие со глава но за малку покрај стативата. И како по обичај кога е во прашање Победа , кога не се користат шансите, стигнува казната и тоа драконска. Од една навидум безопасна акција по корнер Бејтулаи во 68-та минута натскока повеќе фудбалери на Победа и со глава ја затресе мрежата на Победа. Набрзо во шанса за Победа се најде и нововлезениот Гешоски, но не успеа да бие. Во 87-та минута вторпат рамката на голот ја спаси Шкендија-топовски удар на Мустафов од 20 метри но среќата беше сојузник на Захов затоа што топката се одби од местото каде се спојуваат стативата и пречката и се одби во поле. До крајот во новинарскиот бележник и само уште акцијата во 88-тата минута по која Емини по центаршут на Мурати ги постави конечните 0-2 за 3 бода кои на тетовчани практично им ја обезбедија титулата есенски првак.

По овој пораз Победа е на делба од 7-мо до 9-то место на табелата со 17 бодови заедно со Македонија ЃП и Беласица, а во следното 17-то претпоследно есенско коло во среда ќе му гостува на Вардар.

Резултати од 16 коло:Победа-Шкендија 0-2, Силекс-Вардар 0-1, Шкупи-Беласица 1-0, Ренова-А.Пандев 1-1 и Работнички-Македонија ЃП 5-1.

Табела: Шкендија 37, Вардар 31, Академија Пандев 26, Работнички 23, Ренова 20, Шкупи 19, Победа 17, Македонија ЃП 17, Беласица 17, Силекс 14.

 

Остави одговор