Новости

Блог/Новости на клубот

Втор овосезонски пораз од Вардар во едно од полошите изданија

Фудбалерите на Победа го претрпеа и 4-тиот последовастелен пораз во серија. По А.Пандев, Ренова и Шкендија попладнево загубија и на гостувањето на Вардар во Скопје убедливо со 3-0, што преставува втор пораз во меѓусебните дуели со црвено-црните во ова првенство по поразот во Штип од 0-1. Нешто слично како и на претходните натпревари и денес Победа, посебно во првото полувреме, одигра солидно во поле, на моменти и со повеќе посед и контрола, но уште една се покажа како кобна неефикасноста и безопасноста во завршницата. На 0-0 во 15-тата минута не реализира Танушев кој излезе сам пред Гачевски, а како казна стигна голот на Брдаровски за водство на домашните од 1-0, по несигурната интервенција на Тофилоски. Во вториот дел вардарци набрзина за 4 минути постигнаа уште два гола преку Попзлатанов и Исени за конечни 3-0, со што ја обезбедија 10-тата победа и останаа во трката за шампионската титула со Шкендија.

Денешниот беше 10-ттиот овосезонски пораз на Победа со што црвено-белите се тим со најмногу порази во Првата лига кој донесе и пад на прволигашката табела на 8-та позиција со 17 бодови.

Есенската полусезона, кога е во прашање Првата лига завршува во недела со мечевите од последното 18-тто коло во кое Победа, во Кичево ќе биде домаќин на Македонија Ѓорче Петров во меч кој ќе биде од исклучително значење и 3-те бода ќе бидат императив за избраниците на Мегленски да се стигне до бројот од 20 бодови, да се прекине серијата порази и колку толку да се спаси шампионатот во кој според пласманот борбата за опстанок е реалност, иако со оглед на изедначеноста на квалитетот на екипите и малата бодовна разлика од 4-тото до 10-тото место, со мала серија на добри игри и резултати пласманот на табелата може лесно да се промени.

Победа:Тофилоски, Спиркоски, Драгарски, Велкоски, Исаевски, Маркоски, Ј.Наумоски(од 66 минута Мандиќ), Карчески, Танушев (од 73 минута Гешоски), М.Наумоски (од 56 минута Тимовски) и Макота.

Резултати од 17 коло:Вардар-Победа 3-0, Шкендија-А.Пандев 0-1, Беласица-Работнички 1-2, Шкупи-Ренова 1-1, Македонија-Силекс 1-1.

 

ТАБЕЛА: Шкендија 37 бода, Вардар 34, Академија Пандев 29, Работнички 26, Ренова 21, Шкупи 20, Македонија ЃП 18, Победа 17, Беласица 17, Силекс 15.

Двојки за последното есенско 18 коло:Победа-Македонија, Ренова-Шкендија, А.Пандев-Вардар, Работнички-Шкупи и Силекс-Беласица.

 

Остави одговор