Новости

Блог/Новости на клубот

Победа во пролетното Куп полуфинале

Во тактички, тврд натпревар, со доста трка и многу дисциплинирана игра, единствен начин како да се парира на најкдобриот тим во македонскиот фудбал, меч со со доста шанси и возбудувања, фудбалерите на Победа попладнево во реванш мечот од четвртфиналето на Купот на Макеоднија и вторпат ја совладаа Шкендија. Актуелниот бранител на пехарот во најмасовното натпреварување и освојувач на двојната круна е елиминиран со две победи во двата четвртфинални дуели, со што прилепчани ја продолжија позитивната серија против црвено-црните оваа есен против кои имаат 3 победи во 4-те меѓусебни дуели. По победата во првиот меч во Тетово со 1-0, попладнево во Битола одново јунак во тимот на Победа беше францускиот интернационалец Јаник Макота, кој со головите во 22-та и минута во првото и 21-та во второто полувреме ја однесе Победа во пролетното полуфинале. При првиот погодок киксираше Муслиу а Макота со силен волеј неодбранливо го совлада Захов, а за вториот погодок французинот од прва неодбранливо стрелаше по повратната топка на Каланоски. Покрај головите двете екипи имаа уште по неколку шанси за Победа Танушев, а за гостите од Тетово Фазли и Нафиу ги погодија стативата односно пречката од головите на Захов односно Тофилоски. Со денешната победа над Шкендија црвено-белите може да сe рече барем делумно ја спасија оваа есенка полусезона и полуфиналето на Купот напролет е своевидна утеха за резултатски лошата првенствена прволигашка полусезона. Противник на Победа во пролетните полфинални натпревари од Купот , кои ќе се играат во март и април, ќе бидат: А.Пандев, која и во вториот меч беше подобра од Кораби со 6-1, Беласица која и вторпат го победи Силекс со 2-0, а со двојна победа меѓу 4-те најдобри се најде и Македонија Ѓорче Петров по вториот тримфот над Работнички со 1-0. Но јасно е дека Македонија оваа сезона ќе добие нов куп победник. Победа е на 3 меча до трофеј а оваа генерација покажува дека има потенцијал и квалитет да стигне до вториот пехар во најмасовното натпреварување. Победа:Тофилоски, Тимовски, Карчески, Драгарски, Велкоски, Маркоски(од 55 минута Мустафов), Спиркоски, Танушев(од 79 минута Ј.Наумоски), Ефремов(од 71 минута Мандиќ), Каланоски и Макота.

Остави одговор