Филип Мирчески е назначен за директор на младинската академија на прилепска Победа. Станува збор за поранешен фудбалер на Победа и 11 Октомври.
По завршувањето на играчката кариера работеше како тренер во младинската екипа на Победа (стана шампион на Македонија во сезоната 2021/22), а есента 2023 беше и шеф на стручниот штаб на сениорскиот второлигашки тим.
„Квалитетот секогаш испливува на површина. Тренерот којшто ја водеше генерацијата во Лигата на шампионите, официјално е назначен за директор на младинската академија. Со оваа одлука се отвора ново поглавје, со јасна цел – да се искристат неговото искуство, знаење и квалитет во градењето нови генерации и развојот на младите таленти“, се вели во соопштението на Победа.
36-годишниот Филип Мирчески работи и на проектот во фудбалската школа Вондеркидс.