Во својата 54-та година од животот прерано почина легендарниот фудбалер и тренер на Победа, Николче Здравески. Еден од култните јунаци на скоро сите успеси на клубот од најфудбалскиот град ненадејно почина во својот Прилеп.
Здравески скоро цела своја кариера ја мина во Победа, беше еден од најкреативните фудбалери и еден од лидерите во соблекувалната. Со својот матичен клуб стана шампион и како играч и како тренер, а во 2007 година беше прогласен и за тренер на годината во изборот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Заради трагата која ја остави во припелскиот култен клуб, фудбалерите на Победа му оддадоа почит на Здравески откако на теренот изглегоа со маици со неговиот лик. Целиот гест се случи пред мечот со ГФК Осогово.
Здравески со Победа го освои Купот на Македонија во 2002 година, а има една титула шампион на Македонија и како играч и како тренер. По својата кариера работеше и како координатор на младинската школа на Победа, а последните години од животот ги мина со најмладите.