Срдечна благодарност до сите кои беа дел од средбата на генерацијата 1987/88 на ФК Победа! Состанокот беше исполнет со емоции, носталгија и многу убави спомени од времето кога ја носевме истата боја на дресот со срце и гордост.
📸 Се насмеавме, се прегрнавме и повторно се почувствувавме како тим – како што отсекогаш сме биле. Во знак на почит и благодарност, на сите присутни легенди им беа доделени благодарници, како потсетник на нивниот придонес и верност кон клубот. Особена чест му припадна на Симон Наумоски, кому му беше врачена плакета за посебен придонес и несебична посветеност кон генерацијата и клубот.
Благодарност до сите што помогнаа оваа средба да се реализира и ни овозможија да ги обновиме врските кои никогаш не згаснаа.
До следната прилика – ФК Победа засекогаш во срцето! ❤️⚽