Cart Total Items (0)

Кошничка

Сподели:

Денеска добивме информација дека во Австралија започната е акција за финансиска помош на прилепска Победа. Очигледно, Македонците, особено прилепчаните не можат да бидат мирни и почнуваат активности за спасување на саканиот клуб. Конкретно, австралиската македонска асоцијација „Методија Андонов – Ченто“ од Сиднеј почна акција за спас на Победа во соработка со навивачките групи „Маркови внуци“ и „Мајмуни“од Прилеп. Пораката е : „Заедно сме посилни!“

Првата цел е да се соберат 50 илјади долари за Победа, финансии добредојдени за сегашните потреби на клубот. Идејата е акцијата да биде низ целиот свет каде што живеат прилепчани. 

 https://www.gofundme.com/f/pobeda-prilep

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *