Cart Total Items (0)

Кошничка

  • NationalitysrbСрбија
  • Current TeamПобеда
  • Past TeamsПобеда
Небојша Стојковиќ (2 Јуни 1974 година)

Стојковиќ фудбалската кариера ја започнува во неговиот матичен клуб Дубочица од Лесковац(Србија), од каде фудбалскиот пат го води преку соседниот Вучје во Победа, каде доаѓа 1994 година. За време на 6-годишниот престој со својата пожртвуваност и бескомпромисната игра на стоперската позиција  ги освои симпатиите на љубителите на фудбалот. Одличните игри во зимата 2000-тта година му обезбедија трансфер во познатиот руски клуб Анжи Махачкала каде за 6 сезони (3 во Првата а 3 во Втората лига на Русија) остави голем белег и е меѓу најистакнатите странци во клупската историја. За тоа колку беше ценет зборува податокот дека стана првиот странец капитен на еден руски клуб, а пред некоја година клубот за неговите заслуги постави ѕвезда со неговото име во Махачкала.  Стојковиќ се враќа во Победа во 2005-таа а во црвено-белиот дрес ја завршува играчката кариера во 2009-тта година .